Покажавме кој има визии

Ние сме нови луѓе, луѓе кои носат нова политика, велат од НСДП.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Покажавме кој има визии, кој има идеи- се обрати кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.Без идеи нема политика. Кога нема идеи нема ни политика, па така борбата на идеи се претвора во борба за власт. Власт како цел, а не како средство за остварување на политичките идеи. Ова е дел од обраќањето на кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски на последниот ден од кампањата.

presНие не говоревме дека пред нас ништо не чинело и не постоело и дека животот почнува од нас, рече Попоски. Ние само сакаме да го смениме начинот на размислување – дека среќата на охриѓани ќе им ја донесе некој од страна. Напротив, нашата среќа е во наши раце. Ние не размислуваме од денес за утре- ние имаме визија, истакна канидатот за градоначалник од НСДП.
Ацо Попоски со својот тим застана на чело на едно движење кое сака Охрид да има иднина, движење ослободено од било каква партиска идеологија, и отворено за сите. Со единствена цел- за секој охриѓанец,  Охрид да биде главен град, се обрати кандидатот Попоски.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top