Се поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид

Дали оваа сезона туристите ќе имаат можност границата со Р. Албанија да ја поминат со брод? Македонската и албанската Влада децении го најавуваат отварањето на бродската линија Струга-Поградец-Охрид.  Градоначалниците на трите крајезерски градови, се оптимисти дека за многу брзо ќе дојде до реализација на оваа бродска линија.

 |  Николоска Биљана  | 
brod
брод

brodСе поизвесна бродската линија Струга-Поградец-Охрид. Децениската желба на луѓето од овие три града ќе биде реализирана, уверува градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Додава дека во повеќе наврати на оваа тема веќе биле остварени разговори со градоначалникот на Струга и Поградец и идејата била силно поддржана.

„Мислам дека постоеа некои пречки во законските регулативи на албанската страна, мислам дека постоеа закони кои го регулираа сообраќајот само во приморскиот сообраќај и не постоеше регулатива за регулирање на водниот сообраќај но колку што јас имам информација тој дел е надминат од албанската страна и мислам дека многу брзо ќе дојде до реализација на бродската линија“.

brodНе гледа никаква пречка за реализација на идејата за воведување на бродска линија Струга-Поградец-Охрид, градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.

„Никогаш локалната власт не била пречка за една таква линија. Ние задутре имаме избори во Албанија од која ќе произлезе нова власт и јас верувам дека новата власт ќе даде поддршка за спроведување на линијата“.

Македонската и албанската Влада децении го најавуваат отварањето на бродската линија Струга-Поградец-Охрид. Но тоа засега останува само добра идеја и пуста желба. Бродската линија е мошне важна бидејќи претставува, можност  да се зголеми понудата за туристите. Воедно гостите со брод ќе може да ги видат сите убавини со кои располагаат трите крајезерски градови. Исто така воведувањето на бродаката линија за туристичките работници пак, би значело можност за креирање нови аранжамани на странските пазари. Дали годинава тројцата градоначалници ќе успеат во тоа останува да видиме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top