Погребални услуги само со лиценца

„Мирен сон“ е единствено лиценцирано претпријатие за вршење на погребални услуги во Охрид и околината. Ова го тврди сопственикот Денис Шибаковски и истото го докажува со низа документи.

 |  Билјана Николовска  | 
Grobishta
Гробишта

GrobishtaЈП „Охридски Комуналец“ управува на диво со гробиштата. Вака денес обвини Денис Шибаковски, операторот на погребални услуги „Мирен Сон“. Шибаковски потенцира дека согласно Законот за гробишта и погребални услуги кој на сила стапи 2008 година, неговото претпријатие е единствено во Охрид и околината кое е лиценцирано да врши опремување со погребална опрема, превоз на починато лице, право на чување во ладилник и капела и погреб на починато лице. Даниела Кузмановска, задолжена за односи со јавност на ова претпријатие, рече дека еднаш засекогаш мора да се воведе ред во оваа дејност, да се сузбие монополот во оваа сфера, како би се создале пазарни услови согласно Законите на Европската унија за конкурентност на пазарот.
За оваа проблематика се обративме до сите надлежни институции, вели Денис Шибакоски. На нивните барања согласно законот и исполнување на истиот реагирал Државниот Комунален инспекторат. Шибакоски рече дека на ЈП „Охридски Комуналец“ му било укажано со решение за неправилностите и незаконитостите, но и покрај се, ова претпријатие не се придржува кон тоа и продолжува со работа. Тој додаде дека реакција имало и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој после извршениот надзор во работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ му издал решение за забрана за вршење дејност погребални услуги и тоа заради неколку клучни дозволи, како што е немање дозвола за вршење погребални услуги, немање специјално погребно возило а со тоа немање согласност од санитарната инспекција за возилото, немање соодветна медицинска заштита односно вакцини со што се појавув можност за ширење заразни болести и друго.
Шибакоски и покрај индолентниот однос на ЈП „Охридски Комуналец“ и општинскиот комунален инспекторат, кој сеуште се нема огласено, повика да се направи компромис, да и се погледне на вистината в очи.
Погребалното претпријатие „Мирен Сон“ веќе 20 години опстојува во Охрид. Соработува со сите фирми од оваа дејност, како во Македонија, така и надвор од неа. Денешната средба со новинарите била со цел објективно запознавање на охридската јавност со целокупната состојба околу спроведување на законот за гробишта и погребални услуги, велат од таму. Одговорниот на ЈП Охридски Комуналец денес се воздржа од коментари, а за утре најави прес на оваа тема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top