Кој сака и ова лето може да оди во Поградец со брод. Водената линија функционира, а тури се организираат толку често колку што има интерес кај патниците. Цената на билетот останува иста како и минатата година.
Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето. Досега се реализирани три тури. Од охридската капетанија велат дека оваа линија не е редовна, туку дека е чартер, и пред се зависи од интересот на патниците. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека откога ги поедноставиле царинските процедури за спроведување на овие екскурзии, интересот се зголемил. Тој додава дека сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација.
Успехот на оваа линија зависи од менаџерските способности на сопствениците на бродовите и од нивните менаџерски способности. Турите можат да бидат еднаш неделно, но и двапати на ден ако има интерес за тоа, вели Устијаноски.
Интерес за оваа релација има, вели капетанот. Минатото лето од 20 јуни до крајот на септември биле организирани 15 тури на релација Охрид-Поградец или 1200 патници се возеле по овој воден пат. Охриѓани и стружани не покажуваат некој особен интерес за посета на Поградец со брод, но затоа пак заинтересирани се странците.
Најголем интерес има кај холанѓаните. Тие и по неколку пати го посетуваат Поградец со брод. Ова е нова дестинација за нив и им е интересно. Холандските туристи се познати по тоа што сакаат да откриваат нови места. Интерес за посета на Поградец со брод има и кај другите странски гости, а бидејќи линијата е релативно нова јас сум сигурен дека интересот ќе се зголемува, вели капетанот.
Капетанот објаснува дека економска оправданост за одржување на оваа линија има. Цената на билетот останува иста како и лани и изнесува 600 ден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град