Се поголем интересот на охриѓанчиња за музичко образование

„Охриѓанчиња се многу музикални и сакаат музички да се образвуваат“, вели директорката на ОМУ Методи Патче – Нина Момираска. На уписите  во месец мај се запишаа деца во прво одделение 9 годишно училиште  на инструментите клавир и виолина и прва година 6 годишно образование на инструментите флејта, гитара, хармоника и кларинет.

 |  Татјана Маленкова  | 
muzicko ucilishte
музичко училиште „Методи Патче“

„Охриѓанчиња се многу музикални и сакаат музички да се образвуваат“, вели директорката на ОМУ Методи Патче – Нина Момираска. На уписите  во месец мај се запишаа деца во прво одделение 9 годишно училиште  на инструментите клавир и виолина и прва година 6 годишно образование на инструментите флејта, гитара, хармоника и кларинет.

„ Интересот во Охрид од година во година е се поголем оваа година капацитетот кој можеме да го поднесеме е 30 ученици а досега примивме 62 деца и 20, 30 беа одбиени. Интресот е голем, Охрид е град на музикални деца и жалосно е сите кои се интересираат да не ги примиме, со тоа што низ годините има и такви кои се откажуваат и на тој начин таа брајка ќе ја покриеме“, вели директорката Момироска.

9 годишно музичко образование се изучува од пред 3 години. Дечињата започнуваат со изучување на нотите на 6 години. Најпрво небевме сигурни како музички ќе се описменат, затоа што не се писмени ни во училиштето , но на крај бевме воодушевени од она што тие го научија и покажаа “, вели директорката Момироска.

Таа додава дека оваа генерација ги надминала успесите на училиштето. На натпреварите учениците  освоија 32 награди, а 10 награди освоија и на повеќе меѓународни натпревари.

Филип Гавриловски во Сараево„ На натпреварите во Србија бевме во Аранџеловац и Лесковац на натпревари по хармоника, виолина и гитара, учествуваме и на меѓународни натпревари во Ѓевлегија прв меѓународен натпревар за клавир. Освоивме прва награда, на прв меѓународен натпревар во Кавадарци за камерна музика освоивме прва награда за хармоники и лауреати на натпреварот. Учествуваме на меѓународен натпревар во Босна во Сараево на светски натпревар каде освоивме прва награда и гитаристите беа во Италија на светски натпревар“, додава Момироска.

Директорката додава дека учествувале и на два државни натпревари во категориите виолина, солфеж, дувачки инстументи, кларинет, флејта, и на истите освоиле  20 награди.

Училиштето сега засега ги задоволува просторните услови – секој наставник има свој кабинет за индивидуална настава,  а има и две училници за солфеж за групна настава. Во училиштето наставата ја изведуваат 4 професори по виолина, 6 професори по пијано 2 по флејта, 1 гитра, 1 хармоника.

Благодарение на советот на родители пред три години беше реновирано училиштето, а годинава локалната помогна при средување на дворот, оградата и оплеменување на просторот. Во текот на летниот распуст локалната самоуправа и младите на ротари клубот ќе помогнат при обновување на фасадата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top