Локалната самоуправа ги обелодени бројките од изминатава туристичка сезона. Градоначалникот Бакрачески задоволен од оствареното, вели дека бројките ги демантираат шпекулациите дека оваа сезона е една од најслабите во изминативе години па и децении.
Локалната самоуправа ги обелодени бројките од изминатава туристичка сезона. Во периодот од Јануари, до Септември годинава, во Охрид привремено престојувале 136.725 домашни туристи што претставува намалување во однос на минатата година за 12.2 проценти. За истиот период пак во нашиот град престојувале 208.301 странски туристи што е зголемување за 15.9 проценти. Имајќи ги предвид вкупниот број на ноќевања, споредено со минатата година, бројките говорат за 2,8 проценти поголем број на ноќевања за периодот од Јануари до Септември. Иако порастот е релативно мал, градоначалникот Бакрачески, задоволен.
„Со оглед на временските неприлики и драстичниот пад на ноќевања во овој период од годината, можам да кажам дека сум сосема задоволен со оглед на тоа што истите тие ноќевања и број на домашни и странски туристи беше рапидно зголемен во текот на месец Мај и во првите недели од месец Септември. Така да од овие бројки сум сосема задоволен.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Според податоците кои локалната ги добила од општинскиот инспекторат, пораст има и во наплатата на туристичката такса. Во апсолутни бројки биле наплатени вкупно 13.664.630 денари односно дури 15,6 % повеќе од наплатените 10.931.704 денари во 2012та година.
„Сето тоа се должи на фреквентноста на активностите кои што ги преземаа како секторот за ТЛЕР, така и општинскиот инспекторат и сите координирани акции кои што беа иницирани од страна на општина Охрид. Заедно со државниот пазарен инспекторат и управата за јавни приходи како и претставници на СВР Охрид, при што беа спроведени преку 15 координирани контроли на повеќе локации во Охрид и врз основа на нив се изеречени околу 300 опомени, повеќе од 60 барања за поведување прекршочни постапки, два платни налози на диви водичи, 8 на нелегални посредувачи во приватно сместување и 3 платни налози на диви туристички агенции.“-вели раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски.
Инаку ова се податоците кои се изработени од страна на општинскиот инспекторат и се однесуваат за ноќевањата и наплатената туристичка такса и кај хотелите, и кај приватните станоиздавачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град