Поезијата е важна за малите земји

Поезијата е важна за малите земји.

 |  Јаковлева Лионела  | 
poetska nok
poetska nok

Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети.
Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска е исто така мала земја како Македонија и затоа поезијата е многу важна посебно за малите земји, напомна Котер.
poetska nok
„ Во мирнодобски услови поезијата може да се употреби како силна алтка или оружје за на дипломатски начин да се поврзат  културите и  цивилизациите“, рече  Патрик Котер.

Раководителот на манифестацијата Славе Ѓорго Димоски апелира до сите институции на кои им значи македонскиот јазик и култура да обрнат повеќе внимани и да ја поддржат финансиски манифестацијата која има долгогодишна традиција и на која учествувале сите значајни македонски поети и уметници. Во моментов по 26 години  и се заканува стагнација или во најлош случај и згаснување кое не го посакува никој, рече Ѓорго Димоски.

„Ова не го зборувам со револт туку со совест до оние кои   можат да помогнат. Да не се случи да бидеме нација која ги заборава традициите.  26 години не е мала работа, да се доведе во прашање нејзиното постоење тоа би било непријатно како за нас така и за оние кај кои оваа манифестација оставила силен впечаток, а тоа може да се провери на сите интернет страници во светот и дома“, посочи Славе Ѓорго Димоски. 
poetska nok
За прв пат на поетската  манифестација Поетска ноќ во Велестово учествува и младата црногорска поетеса Тања Бакиќ. Таа  лани имала гостување на Струшките вечери на поезијата. За овие две најзначајни поетски манифестации во земјава  како што се Стуршките вечери на поезијата и Поетска ноќ во Велестово знаела од најрана возраст.

Утревечер на сред село кај чешмата во Велестово по 26 пат ќе започне славењето на поезијата и уметноста.  Првата вечер ќе биде посветена на македонската поетеса Катица Ќулавкова. Втората е интернационална вечер, а на третат ќе бидат промовирани најновите поетски изданија на поетите, Котер, Бакиќ и на охридскиот поет Зоран Јакимоски. Изложба ќе имаат и 6 млади уметници од Охрид членови на ценатрот за културен проток „Артерија“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top