Поетско читање во „Шила“

Вечерва со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.

 |   | 

Вечерва со почеток од 20:00 часот во кафѐ и бар “Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.

Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање.

“Овојпат го подзачинуваме шоуто со тоа што, со предлози од публика и рандом теми извлечени од „шеширот“, поетите ќе треба да создадат песна на лице место од моменталната инспирација, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор“ – вели Јован Цветкоски, еден од организаторите, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ “Аматер“

“Позитивно сме изненадени од посетеноста на минатите поетски вечери. Охриѓани покажаа дека се желни за уметност и дека се големи љубители на пишаниот збор, безрезервно поддржувајќи го овој проект, кој прерасна во убава традиција секој да може да си ја каже маката или тоа што му лежи на душа во уметничка форма, преку поезија.“ – додава тој.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top