Поетскo читање во чест на Св.Климент Охридски

Преку стихови на познати македонски автори денес во библиотеката „Григор Прличев“ му се оддаде почит на патронот на градот, Св.Климент Охридски.

 |  Голабовски Крсте  | 
biblioteka

bibliotekaПреку стихови на познати македонски автори денес во библиотеката „Григор Прличев“ му се оддаде почит на патронот на градот, Св.Климент Охридски.

По повод 1100 годишнината од смртта на големиот светец и патрон на Охрид, Св.Климент Охридски, денес во НУ  Библиотеката „Григор Прличев“ се организира поетско читање на песни од македонски автори. Изборот на песните  и изведбата беа на актерот во охридскиот театар, Ивица Цонев,

„Свети Климент со своето дело  не само што го заслужил своето место во македонскиот јазик туку и во целиот православен свет. Тој е патрон на градов и се верува дека секогаш кога Охрид бил во невоља духот на овој светец го штител од секакво зло. Токму заради тоа оваа културна институција го организира денешниов настан, вели, Александра Белеска- директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

beleskaНУ Библиотека „Григор Прличев“ редовно организира поетски читања дали по повод некој празник или одбележување на некој настан или пак со цел да ја анимира читателската публика. Посебен акцент става на младите кај кои сака да ја развие љубовта кон пишаниот збор.

„Имаме многу млади кои доаѓаат на овие поетски читања. Посебно кога се врши презентација на детска литература. Организирано ни доаѓаат од училиштата и активно се вклучуваат во нашите настани“, објаснува Белеска.

Ова поетско читање е само дел од настаните со кои ќе се одбележи големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top