Поетот за деца Љубивоје Ршумовиќ во посета на Охрид

Ршумовиќ и во поранешната Југословенска држава важеше за еден од најголемите поети за деца. Има напишано над 15.000 песни, издадени 86 книги од кои 30 за возрасни.

 |  Валентина Нелоска  | 
Rshumovic
Ршумовиќ

RshumovicПознатиот српски поет за деца Љубивоје Ршумовиќ е во неколку дневна посета на Охрид. Ршумовиќ и во поранешната Југословенска држава важеше за еден од најголемите поети за деца. Има напишано над 15.000 песни, издадени 86 книги од кои 30 за возрасни. Синоќа во Велестово поетот имаше средба со ученици од охридските основни училишта. И децата, и возрасните во поетската вечер уживаа два и пол часа. Поетот на средбата истакна дека се повеќе млади поети во Србија творештво го посветуваат на децата. „Поети за деца имало и ќе има, само се плашам дека има се помалку деца и стравувам во еден момент да не пишуваме за себа. Јас работам на мој начин, па кога ќе ме прашаат новинарите за кого пишувам  одговарам за  децата во луѓето, и за луѓето во децата. Добро е секогаш да се почитуваат децата тоа ним многуим значи“.

Поетот, Љубивоје Ршумовиќ беше топло дочекан од  македонскиот  колега, поетот, Славе Ѓорго Димоски и од преставникот на Локалната самоуправа Митре Вељаноски, кои  одржаа беседа во негова чест. Ршумовиќ истакна дека е воодушевен од Велестово и од Охрид, во кој доаѓа по втор пат.

„ Во Охрид бев на летување пред 45  во хотел Палас, и мило мие што дојдов повторно  на средба со децата и граѓаните.Ова е една убава можност да се поднесат убави спомени“.

Ршумовиќ допатува во неколку дневна посета на Охрид на покана од српско-македонското друштво „Коштана“. Претседателот на друштвото, Зоран Цветковиќ вели идејата им била учениците да им се  доближи творештвото на поетот чии песни се посветени на децата.Љубивоје Ршумовиќ, покрај пишувањето поезија, работел во Радио Телевизија Белград, бил автор на  емисијата за деца „Илјада зошто“, „Ајде да растеме“ и „Фори и фазони“. Негови најпознати книги се : „Ма шта ми кажа“,  „Татковината се брани со убавина“. Добитник е на голем број литературни награди и признанија како што се „Невен“, „Награда на Змајевите детски  игри“, „Златен клуч “.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top