Паднаа цените на фиксната телефонија, набрзо се очекува пад на цените и во мобилната телефонија. Не се менува цената на СМС пораките која важи за една од повисоките на ниво на Југоисточна Европа.
Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ.
„За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската комисија и да аплицираме со новите цени што ги определивме лани. До тој момент не можеме да го сториме тоа“, појасни Ордановски.
Ордановски, како мошне значајна иницијатива, ја потенцираше важноста од изедначување на роаминг услугите со земјите од ЕУ. Тоа би значело заеднички обид на државите од регионот да постигнат една унифицирана цена.
„Иницијативата што ја поднесовме пред ЕK за изедначување на цената на роамингот со членките на Европската унија, очекуваме на следниот состанок веќе идната седмица Kомисијата да излезе со одговор на нашето барање. Ако предлогот биде прифатен, тоа ќе значи пониски цени за роаминг-услугите и за четири пати од постојните“, нагласи Ордановски.
Македонија според Орданоски е лидер во електронските комуникации и по пенетрацијата на широкопојасниот интернет и по сите параметри по кои мерат во телата на Европската комисија кои се грижат за развојот на електронските комуникации. Тој од 1 јуни 2013 година го најави и стартот на најновата 4Г-генерација во мобилната телефонија, така што со тоа земјава со 4Г-мрежа ќе се носи со Франција, Шведска и Италија, единствени земји кои засега имаат таква мрежа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град