Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите

Гости од европските земји специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводните екскурзии во охридското Езеро. Нуркањето последниве години станува се поатрактивна рекреација и за локалното население. Најатракативна локација за нуркачите е Заливот на коските, велат од нуркачкиот клуб Амфора.

 |   | 

Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро.  Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји.  Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора.

„Постојат програми за почетницикои сакаат да пробаат да нуркаат, мини екскурзии се прават кај археолошкиот локалитет кај Музејот на вода, каде што и се наоѓа нашиот нуркачки клуб. Но постојат и програми, односно школа за нуркање, каде што луѓето може да се едуцираат, да се обучат за сертифициран нуркач. – објаснува Јован Секулоски од НК Амфора.

Минималната возрасна граница е 8 години а најстариот турист кој уживал во подводна авантура во Охридското езеро бил 74 годишен германец. Од Амофора велат жените нуркаат во поголем број отколку мажите. Времетраењето на нуркањето е околу 40 минути на длабочина од 20 до 40 метри. Најатракативна локација е Заливот на коските , арехолошкиот локалитет Плоча Мичов град кај Градиште.

„Таму се оди кај населбата под вода каде што луѓето имаат можност да разгледаат интересни предмети кои се стари над 3000 години од бронзено и железно доба. Има доста фрагменти, коски, системи за тежина, постојат оригиналните колци под вода што додаваат возбуда на нуркањето.- кажува Секулоски.

Езерото има богата флора и ендемична фауна и добра видливост за да се ужива во подводните убавини. За туристите кои сакаат активен одмор нуркањето е една од содржините кои Охрид го прават посакувана дестинација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top