Поранешни балкански претседатели упатија поддршка на Македонија кон нејзините евро и нато интеграции.
Поранешни балкански претседатели упатија поддршка на Македонија кон нејзините евро и нато интеграции.
Жељу Желев, Сулејман Демирел и Емил Константинеску поранешни претседатели на Бугарија, Турција и Романија искажаа своја поддршка за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.
Актуелниот прв човек на балканскиот политички клуб и поранешен бугарски претседател Жељу Желев истакна дека интеграцијата не е само македонски интерес, туку и на целиот Балкан, бидејќи во прашање е безбедноста и стабилноста на соседните држави и регионот. Поранешниот турски претседател, Сулејман Демирел, го искажа своето убедување дека Македонија наскоро ќе биде дел од европското семејство, само е потребно трпение. Емил Константинеску, поранешниот романски претседател, смета дека никој на Балканот нема бенефит од статус кво состојбата во македонско грчките преговори.
Тој укажа дека политичарите треба да имаат одговорност и да изберат помеѓу рејтингот и националниот интерес. Македонскиот премиер, Никола Груевски, по обелоденувањето на грчката стратегија за симулирање на преговорите околу името, повика на единство и изнаоѓање понатамошна заедничка стратегија, како земјата да стане членка на ЕУ.
Ова беа ставовите изнесени на 11-та Интернационална конференција во рамките на Балканскиот политички клуб, што се одржа во Охрид.
Собирот има за цел поддршка и афирмација на стратешката цел на Македонија – интеграција во ЕУ и НАТО. Учество зедоа поранешните претседатели на Македонија, Турција, Романија и Бугарија, како и други претставници од општествениот и политичкиот живот на Балканот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град