Подобрување на условите во центарот за Европски елен во НП Галичица

Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.

 |  Голабовски Крсте  | 

Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.

Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште.

„Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на уникатната биолошката разновидност и спроведување на мониторинг“, велат од Одделението за заштита на природата од паркот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top