Храната еден од најдобрите инструменти за креирање на магични моменти. Во пресрет на престојните празници туристичките експертите ги изнесоа своите размислувања, за тоа како треба да изгледа понудата на празничното мени во. Во моментов, начинот на презентирање на храната е слабост во поголемиот дел во охридските угостителски објекти. Потребно е воведување на комбо техниката која претставува еден вид нов маркетинг, односно да се направи понуда на повеќе комбинации на јадења за пониска цена.
Магични моменти за престојните новогодишни и Божиќни празници. Стандардизираните менија каде не се нуди нешто ново и специфично треба да заминат во историски архив, односно во заборавот. Вакви се мислењата на експертите од швајцарската консултанска куќа од најдобриот Луцерн Универзитет, компанијата Свис Контакт, која веќе е влезена во Охрид и има склучено договор со општината и со ФТУ. Нивните сугестии прифатени од нашите стручни лица до областа на туризмот.
„Апсолутно треба да се работи на нови менија кои што ќе имаат максимално 20 до 22 јадења кој што ќе бидат специфични за секој ресторан поединично, со тоа што секој ресторан ќе си го креира својот имиџ. Карактеристично е што за Новогодишните празници може да се направи некоја Новогодишна понуда. Денес имавме магичен момент каде што ние креиравме наши круши во кои што ставивме знаме од нашиот факултет. Да претпоставиме на промер дека странците ќе слават Крисманс на самите круши би препорачала една идеја да напишат Marry Christmas имa такви многу магични моменти, со кои што со многу малку внимание може да се купи самиот клиент и да му се даде едно доживување кое што ќе го памти за цел живот“ – вели Крстаноска Василеска.
Во однос на тоа како Охрид би можел да ја подобри понудата за Новогодишните празници, истата би била поразлична и би привлекла поголем број гости, своето размислување го пренесе ректорот на Универзитет „Св Климент Охридски“, од Битола, проф. Сашо Коруноски. Според него пропагандата која што значи добри препораки од оние кои што веќе биле во Охрид е најдобриот начин да стигнеме до нови туристи и проширување на понудата.
„Туризмот има суштински елемент да поврзува луѓе од различни струки, професии и од различни институции. Ако сме добро поврзани, верувајте успехот е неизбежен. “ – изјави проф Коруноски.
Охрид прави успешни чекори во поглед на креирањето на понудата за Нова Година, смета професорот Науме Мариноски. Тој нагласи дека дека туристичките работници треба да понудат примамливи пакет аранжмани со пониски цени, приспособливи на платежната множност на граѓаните во Р Македонија, бидејќи реално кажано тој сегмент е стагнантен.
„Јас имам кревки искуства од Франкфурт, таму има една од најголемите туристички манифестации, и мислам дека такви искуства треба да ги користиме и вградуваме во нашата средина на специфичен начин, според условите кои ги имаме. Кластерскиот пристап мислам дека е многу добар и мислам дека во наредниот период тој ќе се реализира значи со пристапот на кластерот мислам дека ќе можиме подинамично да чекориме кон подобри услови за пречек на туристите“- вели проф Мариноски.
Охридските угостителски работници треба сериозно да размислуваат за што ќе бидат специјализирани, дали за рибни специјалитети, месо, готвена храна. Факт е дека во градов има дефицит на квалитетни готвачи кои знаат да понудат квалитетно јадење, со исклучок на понудата од неколку хотели како што е тоа Инекс Горица, Милениум и Ројал Вју, за жал кај нас ги има само скараџиите кои знаат добро да го вртат месото на жар, укажуваат туристичките експерти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град