Се одржаа педијатриските стручни средби на медицинските сестри на Македонија
Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија.
Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство да се работи со најмладата популација, а од друга страна пак одговорноста е многу голема. Педијатриското одделение опфаќа болнички дел и апартмански дел. Маџоска кажува дека се работи 24 часа со полна пареа. За жал, објаснува таа секоја година се зголемува бројот на пациентите. На овој оддел се лекуваат деца од нултата па до 16-тата година. Најзастапени болести со кои се справуваат се тозилитите, настинките, ентероколитите и пневмониите. За среќа се помал е бројот на деца заболени од менингит и од фебрилни конвулзии.
Маџоска потенцира дека потребна им е посовремена апаратура за која се надева дека Владата ќе издвои пари.
Инаку, педијатриските стручни средби на медицинските сестри се организирани од педијатриската секција на медицински сестри при здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Р. Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град