Подмолје, охридско, 20 дена без капка вода

Во Подмолје да се изгради резервоар и да им се врати водата на мештаните кои ја платиле со самопридонес, бараат жителите од оваа туристичка населба. Тие денес својот револт и јавно го изразија. Мештаните сметаат дека општина Дебрца треба да си ја преземе целата одговорност за решавање на проблемот со водата, бидејќи нивните средства за оваа комунална давачка се слевале во касата на општина Дебрца.

 |  Николоска Биљана  | 

Дваесет дена во горниот дел на Подмолје нема вода ниту за лек. Мештаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Полнат шишиња и буриња од градските чешми, дел од нив купуваат, но како што велат таа количина на вода не е доволна да ги задоволат основните потреби на 40 степени целзиусови. Поради ваквата состојба која години наназад се соочуваат жителите од оваа населба, тие денес револтирани излегоа пред камерата на ТВМ, со цел да им укажат на надлежните сериозно да го сфатат проблемот и час поскоро да го решат.

Водата од изворите кај Св.Еразмо е донесена во Подмолје и Горенци со самопридонес. Минатата година имаше застој, а оваа година е катастрофално и навистина е неиздржливо.

Околу 180 домаќинства колку што гравитираат во Подмолје стравуваат дека може да дојде до некое заразно заболување, за што веќе подготвуваат и писмено известување до Институтот за јавно Здравје, вели Љубе Митрески.

Не можеме да постигнеме во тоалетите, за потребите. Почна целата населба да смрди на канализациониот систем сите шахти смрдат, почнаа и дворовите да мирисаат. Луѓето надвор вршат физиолошки потреби. Срамота е во 21 век да не можиме да се снабдиме со капка вода. Навјеројатно ќе следуваат и други протести и порадикални мерки. Ни се закануваат дека ќе не исклучат од водоснабдување, па ние можеме да го исклучиме бидејќи цевоводот е наша сопственост за што постојат и докази.

Претседателот на М.З. Владо Силјаноски кажа дека овој проблем се провлекува три години наназад. Тие во повеќе наврати испратиле дописи и известувања до општина Дебрца да преземе мерки за решавање на овој проблем.

За истава состојба беше известен и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески кој пред две недели ни закажа состанок во Проаква каде присуствуваа претставници и охридскот ЈП и од ЈП од Дебрца. На состанокот донесоа заклучок дека проблемот не може да се реши за 10 дена, но дека за наредната година ќе ископаат нови бунари или ќе се направи пречистителна станица

Мештаните сметаат дека проблемот со водоснабдувањето во Подмоље се јавил со приклучокот на Требеништа, охрискиот аеродром и приватното училиште кое се наоѓа во непосредна близина, а не како што убедуваат надлежните дека голема количина вода се искористувала за наводнување. Луѓето наводнувале и пред три години па не се соочувале со ваков проблем, кажуваат мештаните. Тие најавуваат и порадикални мерки, како што се граѓанска непослушност за неплаќање на сметки, блокирање на регионалниот пат, како и блокирање на влезот на општините Охрид и Дебрца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top