Фондот за здравствено осигурување информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а се уште не ги имаат добиено, се испечатени и денеска се дистрибуирани до сите подрачни служби.
Фондот за здравствено осигурување информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање, а се уште не ги имаат добиено, се испечатени и денеска се дистрибуирани до сите подрачни служби.
Се работи за 106.541 електронски здравствени картички за кои граѓаните имаат поднесено барање, кои се изработени и ќе може да ги подигнат во подрачните служби на Фондот од понеделник 25-ти јануари 2016 година.
Подигнувањето на картичките ќе се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации може да се добијат во подрачните служби или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/
Активирањето на новите картички се врши веднаш по предавањето електронската здравствена картичка на осигуреникот во Фондот, или кај матичниот лекар. При првата употреба на електронската картичка кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита на картичката.
Дополнително, Фондот направи измени и во Правилникот за формата и содржината на картичката за здравствено осигурување и за начинот на нејзиното издавање, водење, користење и доказот за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и од 1-ви февруари 2016 година сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ќе ги остварува преку еден од родителите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град