Подигната забраната за контролирано движење во националниот парк Галичица

Се отповикува одлуката за воведување на „Контролирано движење“ во шумскиот појас на паркот која беше воведена на 09.08 2019 година во согласност со член 57, став 3, од Законот  за шуми, со кој се уредува контролираното движете во шумските појаси при зголемена опасност од појава на пожари. 

 |   | 

Со тоа:

– Сите посетитители можат да се движат во границите на паркот без барање за дозвола за “Контролирано движење“.
– Се активираат активностите во паркот кои заради оваа одлука беа одложени: маркирање во приватен имот, сеча на приватни лица во државна шума и други активности одложени заради истата одлука.
– Без дозвола посетителите можат да го напуштат асфалтот и да го посетат паркот во внатрешноста на паркот.

Останува:

– Забраната за палење на оган на отворен простор во паркот освен на двете места наменети за тоа односно излетничките места на мв. Јадера и мв. Корита кои се уредени за тоа.

– Забраната за палење на стрништа во приватните имоти ЈУНП Галичица им соопштува на сите кои имаат поднесено документи за маркирање во приватен имот дека од Понеделник ќе ги засили своите активности како би се овозможило истите навремено да ги завршат активностите околу снабдувањето со огревно дрво, се вели во соопштението на НП „Галичица“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top