Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ.„Гоце Делчев“ (Бараки).

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец“благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Оваа акција е последна акција со која ќе се подигнува зелен отпад во пролетниов период, а следните акции за зелен отпад, согласно годишниот календар, се испланирани во есенскиот период. Во саботите од месеците мај и јуни/2014 год. ќе се подигнува кабаст отпад, а со овие акции ќе бидат опфатени сите реони на територијата на општина Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град