Се подготвува капитална инвестиција во Лакочереј

Нашинец кој живее и работи во Австралија ќе инвестира во Лакочереј. Имено, според најавите на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, инвестицијата е тешка над 20  милиони евра а предвидено е да се гради викенд населба со хотел и Дом за пензионери.

 |  Николоска Биљана  | 
lakocerej
лакочереј

lakocerejВикенд населба со над 100 куќи, мал хотел и Дом за пензионери ќе се гради во Лакочереј. Инвеститорот е македонец кој живее и работи во Австралија а подготвен е да вложи над 20  милиони евра за реализација на проектот. Локалната му отстапи терен, така што на последната седница на Совет беше усвоен и нацрт урбанистичкиот план за локалцијата каде што треба да никне  елитната населба, на посебна местоположба од каде се гледа Охридското Езеро. Градоначалникот Александар Петрески вели дека 6 годишните преговори конечно вродиле со плод.

„Значи идејата е повратниците од странство значи за нашите печалбари исто така за луѓето кои живеат во Австралија долги години или на други континенти, кои што немаат свој имот во Охрид или Македонија, да можат тука да си оформат свој дом и куќа“.

lakocerejПетрески изјави дека инвеститорот, наш печалбар во Австралија, комплетно стои позади финансиската конструкција околу изградбата на викенд населбата, без да користи поволности ниту од локалната ниту од централната власт.

„Без никакви субвенции значи негов имот си го купува не е по едно евро, не даваме субвенции туку му овозможуваме реализација на неговите планови кои се совпаѓаат со нашите планови. Ние тука можиме да делуваме во однос на хотелот и изградбата на Домот за пензионери, да дајме поволности, за да се изгради домот“-вели Петрески.

Во рамките на инвестицијата за изградба на викенд населбата во Лакочереј, инвеститорот, според изјавата на градоначалникот пројавил интерес да  учествува и во изградба на Домот за стари лица во населбата Далјан кој локалната самоуправа од Охрид го најавува неколку години наназад. Доколку се оди според планираното двата пензионерски домови ќе биле готови пред започнувањето на летната туристичка сезона.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top