Охридското здравство подготвено да интервенира при појава на новиот тип на вирусот на грипот.
Охридското здравство подготвено да интервенира при појава на новиот тип на вирусот на грипот.
Засега во Македонија нема регистрирани случаи на заболени од оовој вид на грип. Состојбата во Охрид будно се следи.
Во Македонија сеуште не е регистриран случај на новиот грип. Иако во светски рамки од страна на Светската Здравствена Организација, e прогласена пандемија од 6 ти степен, дежурните медицински тимови будно ја следат состојбата кај нас. Во Охридските здравствени установи веќе се формирани кризни штабови, со цел да се справат со можната пандемија, велат од Општа болница Охрид. Портпаролот на оваа здравствена установа, информира дека тие се подготвени да делуваат при појава на вирусот.
И Инфективното одделение е подготвено да делува при евентуална појава на вирусот Ха1 Н1.Началничката на ова одделение, вели дека во моментов се опремува простор за карантин.
Наспроти интензивните подготовки, епидемиолозите информираат оти засега во Македонија нема ниту еден сомнителен случај на заболен од вирусот. Од страна на медицинските екипите, на превентивните гранки, будно се следи состојбата на граничните премини и на Охридскиот аеродром.
Место за паника нема. Доколку се налага потреба, од Општата Болница Охрид велат дека се подготвени навремено да интервенираат. Референтна лабораторија за испитување на типот на вирусот Х1 Н1 на овој регион има во Софија соседна Бугарија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град