Во текот на програмата предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год. Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.
Во склоп на активностите за „Прличевите беседи“ на 6 ти февруари пред бистата на Прличев пред градската библиотека ќе биде положен ловоров венец и свежо цвеќе, а реч во име на Друштвото на писатели на Македонија ќе одржи Видое Видечески. Истиот ден точно на пладне ќе се одржи и панихида и ќе се положи свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев. Според програмата во 12.30 часот ќе се одржи културно уметничка програма во спомен куќата на Прличев.
Свечената приредба по повод патрониот празник ОУ Григор Прличев ќе одржи во националната установа центар за култура Григор Прличев во 19.00часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град