Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на петти овој месец во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје.

Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови.
На состанокот ке бидат присутни претставници на јавните претпријатија, локалната самоуправа како и претставници од повеќе релевантни институции задолжени за одржување на патиштата. Тие ќе извршат презентација на предвидените мерки и работни планови за работа во текот на зимската сезона.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град