Селото Свињишта се подготвува за прославување на празникот Богојавление – Водици. „Подготовките се во тек. Иницијативниот одбор и здружението „Богојавление“ секојдневно работат за прославата на празникот и фрлањето на крстот во Свињишка Река да помине во најдобар ред“, велат организаторите на манифестацијата.

Прославата Водици во Свињишта ги собира сите. И оние кои живеат во Охрид или во другите градови, но и оние кои пред години ја напуштиле родната Македонија. „Тие велат кај и да си за Божик и Водици дома да си“.
Членовите на здружението „Богојавление“ од Свињишта, се презадоволни што од година во година, многу бизнисмени ја помагаат манифестацијата. Тие искажуваат огромна благодарност и до нив, но и до локалната самоуправа, кои и годинава помагаат во прославата за Водици.
Климоски додава дека веќе се водат преговори со локалната самоуправа за асфалтирање на патот до манастирот „Пресвета Богородица“. Тој ги поканува сите кои сакаат да се одморат на чист воздух на надморска висина од 1400 метри, да го посетат селото, не само за Водици, туку кога сакаат и кога можат.
Крстот за Водици ќе се фрла во 9 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град