Што се случи со бистата на Гоце Делчев во Подгорци?

Постаментот за бистата на Гоце Делчев – празен.

 |  Маленкова Татјана  | 
OU Goce delcev Podgorci
ОУ Гоце Делчев Подгорци

Постаментот на кој стоеше бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во истоименото училиште во Подгорци остана празен. Дознаваме дека уште во postament za Bistaчетвртокот некој ја извадил, но поради што, се плетат различни приказни.  

Едни велат бронзениот споменик тежок 200 килограми бил разнишан и паднал, а други дека намерно бил тргнат.
Ни учениците кои секојдневно се собираат околу споменикот  поставен веднаш до основното училиште не знаат што точно се случило со бистата.

Спомен обележјето на Гоце Делчев во училиштето е поставено од страна на одборот на манифестацијата „Гоцеви денови“ која скоро 40 години наназад се одржува во Подгорци. Од одборот одбија да дадат било каков коментар за настанот, само потенцираа дека иако сакале, немале доволно пари да го поправат спомен обележјето.

Дознаваме дека слична судбина имала и старата биста која пред 10-тина години била украдена, по што надлежните ја замениле со нова.bista Goce Delcev

Иако крајно збркани и конфузни вработените во училиштето се обидоа да не убедат дека бистата е отстранета од сигурносни причини. Упорноста на новинарите сепак ги натера да откријат каде се наоѓа паметникот во моментов. И верувале или не го пронајдовме во подрумските, магацински простории во училиштето.

Дали и кога ќе се врати на постаментот и кој ќе плати за поправката никој не откри.
Училиштето “Гоце Делчев” е етнички мешано, а во јавноста стана познато по тоа што во него четири години незаконски се одржува настава на албански јазик. И покрај забраната од министерството за образование дека не смее да се формираат паралелки помали од 24 ученици, родителите и децата од ова основно училиште   во неколку наврати протестираа пред згардата на локалната самоуправа во Струга.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top