Политичката криза ја закочи и долгоочекувната поделба на МЈП „Проаква“. Поголемиот и поважниот дел од работата за поделбата ги има поминато речиси сите институционални служби, треба само министерствата за екологија и економија да го решат статусот на Колекторскиот систем , изјави директорот Томе Паскалоски.
Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво. После отпочнување на постапката за делба на Р.Е. Охрид и Струга, иницирана од страна на првиот човек на ова претпријатие Томе Паскалоски, меѓуопштинското претпријатие во моментов спасено е од концесионерство, односно продажба, бидејќи раскинат бил штетниот договор од претходното раководство, како што објасни Паскалоски. Директорот вели дека во моментов се чека да се донесе одлука за основање со издвојување. До каде е заглавена постапката Паскалоски им објасни на охридските советници.
„Комисијата која што беше формирана од Владата во која бев член и јас а присуствуваа и двајцата градоначалници и министрите од ресорните министерства, екологија, економија, транспорт и врски не се состана од причини познати на сите вас овде, бидејќи покрај вашиот професионален ангажман овде и вие се занимавата со политика и добро ги знаете состојбите“
Кога ќе се разјаснат работите, нареден чекор е изготвување на прибелешка која треба да се достави до Централниот регистар со нотарски акт за имотот што како постапка е чиста бидејќи се знае кои основни средства каде припаѓаат, појаснува Паскалоски. Дополнува дека после тоа следува најтешкиот дел.
„Една од најтешките постапки што ќе следи после тоа е известување на сите доверители на „Проаква“, дел преку јавните гласила оние до 10 000 евра, над таа сума треба повикување и договарање со сите доверители што околу долговите. После тоа известување повторно оди во Централен регистар, се носи акт за основање на ново јавно претпријатие. Значи постапката е сложена и не е така едноставна“.
Паскалоски вели добро е што постапката е веќе отпочната, но нејзиниот краен исход ќе зависи од политичките одлуки исто како што од тоа зависи и понатамошното работење на ова ЈП. Добро е познато дека ова ЈП години наназад никако не може да подигне глава од долгови, а дали тоа ќе се надмине со извесната поделба на Р. Е. Охрид и Струга, останува времето да покаже.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град