Поетски творби, музички таленти и кратка театарска имрповизација, беа само дел од програмата на која средношколците неуморно работеа под менторство на своите професори изминатиов месец. Најдобрите средношколци, наградени од менаџментот на установата.
Со богата програма составена од музичко – поетски точки, рецитал и кратка тетарска импровизација, средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник, а годинава, темата на програмата беше „Од нас за нас“. Славица Костоска – директор на училиштето, истакна дека установата веќе пет години функционира со ограничени средства и услови за работа, но дека со заложби на наставниците се прават обиди да се навлезе во најновите методи на воспитно образовниот процес, а учениците се вклучуваат во современите текови на општествениот живот и од нив се создаваат квалитетни личности подготвени да чекорат низ животот.
„Во врска со празникот на нашето училиште „Св. Кирил и Методиј“, спремија учениците по нивен избор, а со помош на менторите, рецитации, драмска изведба, музички точки, а пак ние им спремивме за нивниот ангажман пофалници, а ќе ги наградиме сите ученици кои активно учествуваа во општински, регионални и државни натпревари, секако со посебен нагласок на оние кои освоија некакви резултати, а ќе ги наградиме и оние ученици кои се многу ангажирани во училиштето во активностите со училишната заедница“ кажа Славица Костоска – директор Средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“.
Мини драмата насловена како „Љубовта победува“ една од точките од програмата на патронатот. Тема на импровизацијата, секојдневниот живот и пред се љубовните предизвици со кои младите се среќаваат.
„Драмата е импровизација, составувана според живењњето на македонскиот човек во денешницата и живеењето на малдите.Ученици се вклучени повеќе од 15, работевме кратко време, бевме зафатени со други активности во училиштето ама мислам дека ќе биде успешна, бидејќи одговара на менталитетот, животот, она што тие го живеат“, истакна Доца Цветкоска – професор Македонски јазик и литература.
Ученичката организација при Средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“, во рамки на проектот Имплементација на правата на децата и донесувањето на оддлуки, долго време соработува со Невладината организација Младински Совет на Охрид.
„Ова училиште може да се каже дека е еедно од најдобрите. Нивната ученичка организација, нивните активности, нивните активности успешно се спроведуваат во процесот на донесување на одлуки“ рече Катерина Каневчев – НВО „Младински совет Охрид“.
Од менаџментот на образовната установа додаваат дека потребни се уште простории, кабинети по природни науки за здравствената струка и по економските предмети. Што се однесува до наставничкиот кадар се доволно екипирани, но затоа пак има недостаток кај административните служби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град