Почна новата учебна година

Охридските училишта ширум ги отворија портите за учениците. Вообичаено како и секогаш, најголем интерес привлекоа првачињата и точно на нив им се посветува најголемо внимание.

 |  Билјана Николоска  | 
prvacinja
prvacinja

prvacinjaПриредба за добредојде во О.У. „Григор Прличев“. На почетокот на школската година 1 ви септември, идните првачиња ги добија своите картички за идентитет, првите тетратки и учебници. Првиот школски ден претставува вистинска возбуда за првачињата додека пак за мајките и бабите, гордост. Првиот човек на О.У. „Глигор Прличев“, Сашо Ставрески вели дека првачињата мора да се дочекаат на највисоко ниво, бидејќи денес за нив се отвора посебна страна од нивниот живот.

Годинава и ЈП „Охридски Комуналец“, на стартот на учебната година хортикултурно го уредува дворот на училиштето. Директорот Сашо Алче вели дека акцијата е на Локалната самоуправа и ЈП во интерес на најмладите сограѓани кои за прв пат се во училишните клупи.

ЈП оваа година по втор пат изведува ваква акција. Првата беше минатата година во О.У. Св. Климент Охридски. Инаку, учениците се комплетирани со учебници, вели директорот Ставрески. Тој потенцира дека и оваа учебна година ќе настојуваат без никакви проблеми да го водат воспитно образовниот процес и да ги потвторат успесите на локално, централно и меѓународно ниво.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top