Градоначалникот Александар Петрески, свечено ја означи изградбата на Источната Трансферзала.
Празникот на македонската независност, Локалната самоуправа свечено го одбележа со отпочнување на изградбата на улицата Источна Трансверзала. Градежниот зафат на оваа улица во голем дел ќе го растерети градскиот сообраќаен метеж од Туристичка и центарот кон населбите Билјанини извори, Горна Влашка маала, Видобишта и 15-ти Корпус.
На граѓаните ќе им се скрати должината на патот до плажите и до Св. Наум, истакна градоначалникот Петрески. Првичните активности за изградба на улицата, поставување на тампон и пробивањето на улицата локалната самоуправа ќе ја чинат околу 200.000 евра.
Градоначалникот очекува помош од државата во поставувањето на асфалтот. „Бидејќи станува збор за магистрален пат очекуваме финасиска помош и од државата, доколку помогнат добро, а во спротивно и сами ќе ја завршиме улицата “ додава градоначалникот.
Улицата Источна Трансверзала е во должина од околу 3 километри. И двата краци, во населбата Билјанини Извори и во Видобишта на излезот кон Битола, се по околу 1 километар и пол, а се очекува да бидат завршени до почетокот на наредната туристичка сезона.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град