Почна асфалтирањето на ул Радојца Новичиќ. Градоначалникот Никола Бакрачески и други претставници на општина Охрид, на терен за да видат дали програмата за асфалтирање на градските улици се одвива според предвиденото.
Почна градежната офанзива во Охрид. Ќе се асфалтираат и реконструираат 8 поголеми улици во градот. Асфалтирањето почна од ул Радојца Новичиќ односно оттука почна реализиција на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Градежната машинерија и екипите на градежната компанија Гранит веќе се на терен.
„Прва улица која ќе се асфалтира е Радојца Новичиќ во должина од 1840 метри и вкупна површина од 9200 квадратни метри. Понатаму ќе се асфалтираат улиците Петрино, со вкупна должина од 450 метри и широчина од 4,5 метри оваа улица Радојца Новичиќ е со ширина од 5 метри“.
Паралелно со тоа продолжува санацијата и реконструкцијата на ударните дупки, изјави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот исто така потенцираше дека во моментов Локалната самоуправа работи на масовна изработка на проекти за асфалтирање на улици не само во централното градско подрачје туку и во руралните средини.
Жителите на Радојца Новичиќ задоволни од зафатите кои денес отпочнаа на нивната улица. Велат дека на оваа улица речиси 8 години не е направено ништо и дека истата била во многу лоша состојба.
„Градоначалникот она што ни го вети го исполнува. Голема благодарност од сите жители на Радојца Новичиќ до градоначалникот и само вака да продолжи и со работа да одиме напред“.
Жителите на Радојца Новичиќ се покажаа како добри домаќини, па градоначалникот и претставниците на општина Охрид ги дочекаа со трпеза од домашни специјалитети подготвени од бурекчилница Зоби како и традиционалната убава охридска цреша.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град