Ќе се дислоцира такси постојка во Кошишта. Целта е да се растерети сообраќајот во тој дел на градот бидејќи тоа место претставува тесно грло посебно за време на туристичката сезона.
За 10 дена такси постојката на влезот од Горна порта, Кошишта ќе прерасне во пешачка зона. Оваа локација е само една од неколкуте во градов кои ќе се дислоцираат, согласно одлука на охирдскиот Совет. Како што изјави Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај, ваквите зафати се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, а секако тоа се реализира во координација со стручните служби на општината и сообраќајните инспектори при СВР Охрид,
„Во летниот период заради оваа такси станица се формираше едно тесно сообрќајно грло кое што мораше за да биде отстрането мораше да има интервенција од полиција. Сега донесовме одлука за дислокација на оваа такси станица таа ќе биде дислоцирана 20 – 30 метри во правец на ул „Гоце Делчев“ и наместо постоечките 6 такси места за такси возила ќе бидат дадени 30% повеќе односно ќе има 8 такси возила. Тоа е практика и за останатите такси станици“– вели Танески.
Танески појасна како точно го замислуваат делот од улицата кој деновиве треба да се преуреди и да добие сосема поинаков лик.
„Овој простор ќе биде преуреден во пешачка патека, ќе биде физички одделен од ул „Гоце Делчев“ и од останатиот дел од патот, и ќе биде соодветно хортикултурно уреден меѓутоа во прво време ќе биде пешачка зона“ – додава Танески
Сите одлуки кои што се однесуваат на такси превозот во Охрид се донесени на координативни состаноци со најголемите такси превозници и со претставници од сообраќајниот инспекторат при СВР Охрид. Бележењето на хоризонталната сигнализација на територија на општина Охрид започна вчера во доцните часови и планирано е во период од 7-10 дена да биде обележан цел град вклучувајќи ја и такси станицата во Кошишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град