Почина уште едно лице од ковид-19 во Охрид, новозаболени нема

Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 2.558 тестирања, при што се регистрирани 199 нови случаи на Ковид-19.

 |   | 
Модуларна болница Охрид

Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 2.558 тестирања, при што се регистрирани 199 нови случаи на Ковид-19.

По градови:

• Скопје 157
• Куманово и Кавадарци по 6
• Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар по 4
• Велес 3
• Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 2
• Богданци 1

Пријавени се 32 починати лица: 13 починати лица од Скопје (80, 76, 75, 72, 72, 69, 69, 64, 61, 57, 55, 45 и 35 години), 6 починати лица од Тетово (81, 78, 77, 69, 62 и 53 години), 3 починати лица од Гостивар (83, 74 и  68 години), 2 починати лица од Велес (72 и 64 години) и по едно починато лице од Прилеп (80 години), Кавадарци (72 години), Охрид (77 години), Струмица (77 години), Струга (79 години), Свети Николе (57 години), Радовиш (49 години) и Делчево (71 години). 30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од:

• Скопје 164
• Тетово 115
• Струмица 50
• Куманово 40
• Гостивар 35
• Штип 26
• Кавадарци 20
• Кичево 15
• Битола 14
• Велес 11
• Дебар 10
• Ресен и Пробиштип по 9
• Валандово 8
• Прилеп 7
• Кочани 6
• Кратово 5
• Неготино и Радовиш по 4
• Свети Николе 2
• Виница и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top