Се почести дефектите на водоводната мрежа

Поради зачестените дефекти, несервисиран остана дефект на водоводната линија на улицата Богомилска. Преоптовареноста на водоводниот систем во овој летен период не минува без свои последици. Во последните неколку дена службите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ бележат сериозен број на интервенции. Но се чини бројот на дефекти ги спречува службите на „Нискоградба“ да интервенираат на сите повици.

 |  Мишел Наумоски  | 
cefka
цевка

Жителите на улицата „Богомилска“ веќе три дена и покрај пријавениот дефект во „Нискоградба“, не ја добиле бараната интервенција. Поради пукната цевка, постојано тече вода долж улицата. Еден граѓанин кој живее во близина на дефектот ни се пожали дека водата веќе почнала да ја нагризува и фасадата на неговата куќа. Тој вели: „Крајно време е да се интервенира. Дефектот е уредно пријавен во „Нискоградба“ веќе три дена, а екипи сеуште не дошле да го санираат дефектот.“ Стапивме во контакт со надлежните служби во ЈП „Нискоградба“. Тие ни кажаа дека немаат информации за таков дефект, но дека ќе отидат на лице место за да го испитаат наводниот дефект. Откако биле испратени екипи на лице место, добивме потврда од „Нискоградба“ дека се работи за пукната цевка која е во близина на канализациона шахта во која се прелева водата која истекува од цевката. На прашањето зошто веќе три дена не била испратена екипа на овој дефект, од „Нискоградба“ ни рекоа дека во моментот се соочуваат со огромен број на интервенции и дека е апсолутно невозможно да се интервенира секаде. Сепак добивме потврда дека во најкраток можен рок односно најдоцна до задутре овој дефект ќе биде саниран.

И покрај тоа што дефектот ќе биде отстранет, неодминливо се наметнува прашањето дали и кога Охрид ќе успее да се справи со редовната преоптовареност на водоводната мрежа во летниот период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top