Побезбедно без семафори ?

Раскрсницата кај основното училиште Христо Узунов се регулира само со сообраќајни знаци. Граѓаните загрижени за својата безбедност. Од секторот за сообраќај и улици велат, тоа е во нивна полза.

 |  Мишел Наумоски  | 
semafori Hristo
семафори Христо

Раскрсницата кај основното училиште Христо Узунов се регулира само со сообраќајни знаци. Граѓаните загрижени за својата безбедност. Од секторот за сообраќај и улици велат, тоа е во нивна полза.

semafori Hristo

Ова можеби ви изгледа малку нелогично, но е дел од објаснувањето што го добивме од Локалната на прашањето зошто овие семафори веќе години наназад не функционираат. Раскрсницата на која поминуваат голем број  деца, е регулирана само со сообраќајни знаци. Зоран Шикалески, од секторот за сообраќај и улици вели дека безбедноста на граѓаните се загрозувала ако работат семафорите.  Шикалески вели дека тоа што овие семафори не работат е токму по барање на граѓаните, но и во насока на зачувување на нивната безбедност.

„Семафорскиот систем на раскрсницата кај ОУ „Христо Узунов“, на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ е потполно функционален. Ние во изминатиов период во неколку наврати го ставивме во функција, но поради реакција на Секторот за сообраќај на СВР-Охрид и реакција на голем број граѓани бевме приморани да го исклучиме и истата раскрсница да се регулира согласно поставените сообраќајни знаци.“-рече Шикалески

Шикалески не информираше и за причините поради кои овие семафори се опасност за граѓаните. „Имаме сечење на правци на два вида на учесници во сообраќајот, и тоа моторни возила и пешаци, и тоа во период кога имаме пуштен зелен сигнал и за двата вида на учесници. Значи општата безбедност се загрозува на таков начин.“-вели Шикалески.

„Семафорскиот систем на овие улици е потполно нефункционален гледано од аспект на безбедност и од аспект на проток на патници. Не треба да забораваме дека оваа раскрсница е најоптоварена раскрсница во градов со движење на ученици. Се работи за најголемото основно училиште во градов и ние не можеме да си играме со безбедноста на учесниците во сообраќајот.“-додава Шикалески

Од СВР-Охрид со поинаков став.

„ Преку полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, повеќе пати испраќавме писмени дописи и известувања до секторот за сообраќај во Локалната самоуправа, во кои укажувавме на техничката неисправност на семафорите на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ како и на други одредени места кога ќе се забележи нефункционирање на семафорите.“-рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.Тој исто така дополни, дека поради нефункционирањето на семафорите, пред се на оваа раскрсница, често физички биле присутни полициски службеници со цел да се подигне степенот на безбедност на учениците и другите учесници во сообраќајот. Димоски исто така не информираше дека СВР-Охрид ќе иницира средба со претставниците на секторот за сообраќај и улици со цел да се надминат состојбите на посочените раскрсници. Додека докрај се дефинираат работите дали семафори се или не се потребни на оваа раскрсница предлагаме граѓаните да бидат крајно внимателни и сами да се погрижат за својата безбедност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top