Побарувачка за купување станови има, но нема понуди

Во моментов во Охрид најбарани се викенд становите со големина од 30 до 45 метри квадратни и тоа во Централното градско подрачје, Билјанини извори, Расадник и Болничкиот комплекс.

 |  Валентина Нелоска  | 
stan
стан

Во моментов во Охрид најбарани се викенд становите со големина од 30 до 45 метри квадратни и тоа во Централното градско подрачје, Билјанини извори, Расадник и Болничкиот комплекс.

Во зависност од местоположбата на становите цените се движат од 600 до 1500 евра по метар квадратен вели Никола Иванчиќ од агенцијата за недвижности „Ваш-Наш Дом“. Побарувачката за купување станови во Охрид има, но нема понуда и цените се на исто ниво како и лани  кажува Иванчиќ. 

„Растот или падот на цените е во зависност со понудата и побарувачката, а некој драстичен пад на цените нема, а понуди за  просторни можности за градба нема па ситуацијата е стаус кво“, појаснува Иванчиќ.

zgradaРецесијата има важно влијание во прометот со недвижности, но не и пресудно велат од агенциите со недвижнсти. Во моментов има и други фактори кои влијаат врз продажбата на недвижности како што се нерегулирани имотно правни односи, немање деталени урбанистички планови и инфраструктура, како и одредени административни пропусти.

„И додека кај нас ситацијата е без промени  се повеќе наши сограѓани  купуваат станови во соседна Албанија, на море по цена од 600 евра пометар квадратен, а кај нас цените се плафонирани“ додава Иванчиќ.

Во моментов во Охрид нема плацеви за градба, има стари куќи кои треба  да се срушат за потоа да се изградат нови објекти. Локациите во зависност од местоположбата се продаваат по цена од  200 до 500 евра по метар квадратен. Купувањето  на градежно земјиште е пропратено со голем број проблеми како што се нерешените имотно-правни состојби кои ги прават граѓаните многу претпазливи вели Иванчиќ. И сеуште се продаваат лозја, а не урбанизирани плацеви тврди тој.

За да се зголеми прометот со недвижности, а со тоа и буџетот во општинската каса потребна е поголема соработка со агенциите за недвижности и локалната самоуправа укажува Иванчиќ. Клучот во решавање на проблемите со кои се соочуваат агентите за продажба на  недвижни е во почести средби и презентирање на проблемите со цел нивно брзо решавање во интерес на сите.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top