По свадба тапани

Дијаметрално спротивни иформации за претставувањето на охридската делегација на меѓународниот саем за туризам во Лугано.

 |  Николовска Биљана  | 
Alesksandar Petreski
Александар Петрески

Дијаметрално спротивни иформации за претставувањето на охридската делегација на меѓународниот саем за туризам во Лугано.

Ohridsko ezeroИ немаше да биде ништо чудно доколку двете информации не доаѓаат од еден ист извор – локалната самоуправа од Охрид.

Традиционалната посета на делегација на локалната самоуправа на Охрид во Лугано со политички примеси. На меѓународниот саем за туризам, кој е едено од најпрестижните саеми, на кој што биле присутни бројни светски туроператори, градоначалникот на Охрид затечен од присуството на делегациите на Виница, Битола и општина Центар. Петрески смета дека сосема е пограшна политиката на Агенцијата за промоција на туризмот и министерството за економија кои како фактори наместо да ја обединат Македонија тие партиски ја делат.
Директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот Зоран Стрезоски, вели дека длабоко е разочаран и изненаден од гафовите кои ги прават поедини претставници на локалната самоуправа на Охрид, а вината ја бараат во друг. Тој додава дека она што се случило во Лугано е срамно прзентирање на градот. Јасна е позицијата на агенцијата за промоција за туризмот, која е со исти пристап и поддршка кон сите градови во Македонија.
Стрезоски потенцираша дека 15 те милиони денари собрани од туристичката такса која се наплаќа во општина Охрид, треба да одат точно за промоција на туристички саеми онаму каде што мисли и треба да се презентира општината.
Двете најнови информации од исти извор на локалната, се по свадба тапани. Во што да веруваме.  На општинскиот сајт во информацијата објавена на 02.11 под наслов „Партизација во туристичката понуда“ се вели, додека некои општини меѓу кои и Охрид кубурат со промотивни материјали Битола плива. Од друга страна Петрески кажува сосема нешто друго.
Со цел објективно информирање, нашата телевизија стапи во контакт со Битолскиот градоначалник Владимир Талевски. Тој ги отфрли сите шпекулации за некаква наводна партизација. Талевски не беше заинтересиран да ги коментира ставовите на охридскиот градоначалник, од причина што неговите заложби биле секој да си гледа сам за себе. „Мене ме интересира Битола и светската награда за „Најавангардна дестинација“ на саемот за туризам во Лугано е доказ за моите заложби кон развојот на оваа гранка во Битола“, потенцираше Талевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top