Неколку роднини на големиот поет, Григор Прличев пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Најстарата културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава се одбележа со пригодна програма.
Дрвената палка со која Григор Прличев им покажувал на табла на своите ученици од денес ќе се наоѓа во наговата спомен куќа. Таа е подарок од неговата правнука, Олга Григорова Прличева која ја донесе од неговата семејна куќа во Софија. Олга заедно со уште неколку роднини на големиот поет, пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Ова не е прв пат членови на фамилијата на Прличев да дојдат токму на овој ден во Охрид. Тие биле тука и во 2005 год кога се отвори спомен куќата на овој великан. Тие не ја кријат возбудата и задоволството што припаѓаат на лозата Прличеви. Неговата правнука вели
Ова за мене е огромна чест, но уште поголема обврска. Се стремам да ги следам и почитувам заветите на Прличев и да го продолжам неговото дело.
Најстарата културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава се одбележа со пригодна програма. Голем број почитувачи и следбеници на делото на Прличев ја посетија неговата спомен куќа уживајки во културно-уметничката програма приредена во негова чест. Во нејзини рамки се одржа и традиционалната „Прличева визита“ во која беа содржани повеке промотивни творечки дела, во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Денес беше презентирано и ЦД изданието „Охридската библиотека од оснивањето па до денес“. Директорката Александра Белевска вели дека ова СД ќе служи за промоција на Охрид и библиотеката при патувањата во странство.
Во рамките на културната манифестација „Прличеви беседи“ со која традиционално се одбележува денот на смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев,
Н.У. Центар за Култура кој го носи неговото име, вчера ја организира свеченоста посветена на лауреатот за најдобра поема.
Манифестацијата „Прличеви беседи 2013“ ја организираа Општина Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и ОУ „Григор Прличев“. Содржините завршуваат вечерва со свечената приредба на учениците од ОУ што го носи неговото име.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град