Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.

Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, 2-3 дена пократко од другите годишни времиња.
Според светските метеоролошки агенции се очекува оваа зима на Балканот и во Македонија да биде потопла од вообичаеното, со умерени врнежи кои ќе бидат помалку од снег, а повеќе од дожд.
Вистински снег во Македонија треба да се очекува кон средината на јануари и во февруари. Сепак, снежните врнежи нема да бидат обилни, а снежната покривка ќе биде краткотрајна, посебно во пониските предели. Во февруари и март можни се појави на силно невреме поради нагли промени на воздушната циркулација.
Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град