По 13-ти пат одржана хуманитарната манифестација „Напред Розово“

Здружението „Борка-за секој нов ден“, во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во истовреме го одбележуваат и најголемиот хуманитарен настан во Европа „Race for the cure“.

 |   | 

На паркингот пред пешачкиот мост кај каналот „Студенчишта“, денеска со почеток во 11:00 часот беше одбележан почетокот на месецот во кој гласно се зборува за ракот на дојка, за навремената превенција од оваа болест и за современите терапии. Месец во кој се слави животот, но и месец во кој се сеќаваме на сите оние оние што веќе не се со нас заради најчестиот вид рак кај жените.

Со симболична прошетка до Градскиот плоштад поддржана од Општина Охрид ќе се обои градот во розово со цел да се даде поддршка на оние кои се борат со оваа болест, а воедно да се подигне свеста за навремено детектирање и превенција од ракот на дојка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top