Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент.
„Овие трошоци во моментов не се потребни, зошто да се плаќа по втор пат кога еднаш веќе се платило“, реагираат граѓаните.
Ќе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија, но и ќе се направат влезови кон плоштадот од повеќе страни.
„Промената на каменот во чаршијата е сериозна инвестиција која локaлната самоуправа многу ја чинеше. Ова што ќе го правиме е видоизменување на плоштадот, вели гадоначалникот Петрески.
Граѓаните не се сложуваат со идејата на првиот човек на Охрид. Велат, „зошто да се плаќа за нешто што веќе е платено.
Инаку автентичниот камен во чаршијата беше заменатсо нов во 2003 год. Овој чин, во јавноста предизвика бурни реакции. Многумина велат дека со поставување на новиот каменот се наруши автентичниот изглед на градов, старата архитектура, и препознатливите културно историски вредности на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град