Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека по неколку месечна работа успеале заедно со јавните претпријатија да создадат едно убаво катче за одмор за граѓаните од оваа населба.
Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад.
После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Тој додаде дека плоштадот го направиле од сопствени средства, помогнати од јавните претпријатија. Изградени се пешачки зони, фонтана, спроведени се инсталации за вода и електрична енергија, просторот е хортикултурно уреден, а има и простор наменет за најмладите каде се поставени детски реквизити.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град