Во втората половина на август Охрид домаќин на три големи настани. Утре ќе се одржи ЛЕН-Европски Куп во далечинско пливање. Потоа на 21 август ќе се одржи Меѓународниот пливачки маратон, патека Климе Савин, додека на 28-ми на празникот Богородица во Охрид ќе се одржи Супер финале после олимписките игри.
Охрид во втората половина од август е домаќин на светската пливачка елита. Со низа натпреварувачки настани од меѓународен карактер и едукативни семинари пливањето ќе го заземе заслуженото место.
Како што информира Пливачката федерацијата на Македонија предводена од Александар Маленко на денешната прес конференција, утре со почеток во 16 часот ќе се одржи ЛЕН-Европски Куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина на 10км.
Се очекува да учествуваат 33 пливачи од 14 земји, меѓу кои и 6 од земјава.
Во овој момент Охрид е центар на водените спортови нашиот сон кој макортпно неколкумина во раководствот го работевме беше и е препознат од страна на одговорните во државата да во овој момент започнуваме со европскиот куп на 14 август – вели Александар Маленко претседател на Пливачка федерација на Македонија.

Многу сум среќен што сум овде во Охрид многу убав град и прекрасна дестинација за отворени водни спортови можам да кажам најдобра во светот – вели Петрос Арестис делегат.
На 21 август ќе се одржи Меѓународниот пливачки маратон, патека Климе Савин, додека на 28-ми на празникот Богородица во Охрид ќе се одржи Супер финале после олипмписките игри.
23 учесници ќе имаме на традиционалниот охридкси пливачки маратон патека Климе Савин, а на Светското супер финале од 10 км ќе има рекорден број учесници 73, затоа што се плива согласно правилата и да се надеваме на здравствената состојба, но како што е сега ситуацијата Охрид ќе биде со рекорден број учесници – додава Маленко.
Генерален Покровител на настаните е премиерот Зоран Заев, кој воедно ќе означи и Старт на трката. Според организаторите на сите спортски настани ќе бидат потполно запазени здравствените протоколи за заштита од корона вирусот.
Новинар Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град