После 15 години стагнација, годинава повторно се обнови пливачкиот митинг, кој се одржува по повот големиот христијански празник Св Климент Пантелејмон, летен. Покровител е Локалната самоуправа во соработка со спортскиот центар и ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
Пливачка еуфорија на СРЦ Билјанини извори. Околу стотина пливачи од 9 клубови од Македонија, денес на базенот на СРЦ Билјанини извори се натпреваруваа во машка и женска категорија, во сите пливачки стилови. Никола Маленко делегат на натпреварот истакна дека годинава најважна била масовноста а дека резултатите не биле толку важни, бидејќи митингот бил од промотивен карактер.
„Посебна благодарност до директорот на ЈП Иван Цветкоски последните 10 дена самопрегорни со претставниците од Билјанини извори и претставниците од клубот и претседателот Кочо Паскали, заеднички успеавме и технички да го организираме да обезбедиме одличја за пливачите и мислам дека денеска го положивме испитото после 15 години“.
Претставникот на Локалната самоуправа, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека големо е задоволството да се промовираат проекти кои што се одвиваат во рамките на спортското лето, каде покровител е Локалната, во соработка со ЈП Билјанини Извори
„Задоволството е уште поголемо затоа што се работи за млада категорија на пливачи, ги имаме нашите пливачки надежи кои што постигнуваат значајни резултати на многу меѓународни натпревари. Задоволство е ние како Локална да застанеме зад ваков настан, да го организираме, се со единствена цел да стане традиционален и ќе настојуваме од година во година да го зголемуваме квалитетот“ .
Директорот на ЈП Иван Цветкоски, како и секогаш со позитивен дух и голем оптимизам вели дека секаде каде што можат ќе помагаат.
„Денеска сме тука со нашиот партнер ПК Охридски бранови и каде што може ќе помогнеме и оваа година да започнеме со неколку традиции кои што од наредната година ќе станат спортски настани со кои Охрид ќе се гордее.
Струшкиот пливачки клуб во моментов како што изјави тренерот Ацо Ѓуроски се наоѓаат во тешка финансиска криза, но и покрај тоа смогнале сили и со 57 пливачи дошлее во Охрид, за да учествуваат на пливачкиот митинг.
„Активно сме вклучени пливаме во 4 дисцплини и мислам дека досега добро се држиме. Поздрав до натпреварот добро е организиран заеднички повеќе време разговаравме со охриѓани да го направиме и сакам да искажам една голема блегодарност која ни овозможува без пари да го користиме базенот.
Денес атмосферата на базенот на СРЦ навистина беше прекрасна. Пливачите учесници на митингот максимално се залагаа да постигнат резултати, но за жал мора да се согледа реалноста дека нивниот труд и ентузијазам завршува со завршувањето на летото бидејќи и двата крајезрски града немаат затворен пливачки базен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град