Концесионерите на охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Бараат помош од Локалната. Од таму пак велат дека не е нивна обврска да преземат било што, но ќе направат напори се со цел туристите кои ќе дојдат во градов да заминат задоволни
Охридските плажи не се подготвени за престојната туристичка сезона. Вообичаено, првомајските празници го означуваат почетокот на сезоната за сончање и капење, но оваа година работите околу уредувањето на плажите дадени под концесија доцнат. Концесионерите велат дека поради високиот водостој плажа речиси и да нема. Тие бараат помош од Локалната околу чистењето и попесочувањето на плажите.
Од Локалната велат дека тие немаат никаква обврска спрема концесионерите на плажите. Од таму објаснуваат дека иако државата на општината и го додели државното градежно земјиште, концесионерите се тие кои треба да си ги уредат плажите почитувајќи ги сите барања кои се наведени во договорот кој го склучија сo Министерството за транспорт и врски. Закупците на десетте плажи на охридскиот дел од крајбрежјето доколку не ги испочитуваат обврските можат да се доведат во ситуација министерството да им ги раскине договорите. Од Локалната додаваат дека и покрај тоа што тие не се должни да помогнат околу уредувањето на овие плажи подготвени се да седнат на маса со концесионерите на плажите, да ги слушнатнивните проблеми и барања и доколку има простор во некој дел да им се помогне, а се со една единствена цел, поуспешна туристичка сезона.
Поинаква е пак, приказната со плажите кои немаат закупци. Нив треба Локалната да ги чисти и уредува. Но, и тие се во незавидна состојба. Шут и ѓубре на сите страни, а наместо капачи затекнавме други четириножни посетители. Од Локалната ветуваат дека во најбрзо време ќе се зафатат со работа. Чистењето на плажите е обврска на ЈП Комуналец и е опфатено со акцијата за чистење која започна денес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град