И ова лето некои од концесионерите на плажите не го почитуваат договорот дел од просторот да биде слободен, без ноикакви реквизити. Инспекторите неколку пати излегле неправилности и ги опоменале оние кои не ги почитуваат правилата. Доколку и понатаму си продолжат по свое ќе следуваат казни.
Деновиве на охридските плажи нема место игла каде да се фрли. Продолжениот празничен викенд го наполни градов со гости кои се разладуваат во водите на езерото. Но со гужвата уште повеќе дојде до израз дека некои концесионери на плажите не ги почитуваат одредбите од договорот 40проценти од просотор да го остават слободен, без лежалки за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека инспекторите во неколку наврати излегле на терен и забележале неправилности и непочитувње на одредбите од договорот. НО додаваат дека многу е тешко да се има целосна контрола над плажите бидејќи зафаќаат голем простор, а и сопствениците додека се инспекторите ги почитуваат правилата, а потоа си тераат по свое.
Ако денес ние ја напрајме контролата и се биде во ред, свесни сме дека утредента тој простор нема да биде ист и дека ќе се постават лежалки и таму каде што не треба. Многу е тешко се да се исконтролира бидејќи имаме само двајца инспектори. Затоа ги повикуваме концесионерите да се однесуваат совесно, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локлана самоуправа.
Закондавецот предвидел законски санкции за оние кои нема да го почитуваат договорените одредби. Портпаролот Џамтоски најавува дека до крајот на целата сезона инспекторите ќе ги контолираат плажите и ќе се санкционираат концесионерите кои нема да се држат до потишаните договори за концесија.
Има опомени, скоро сите се опоменати за мали неправилности, но ако е забележано големо непочитување на договорот секако ќе следуваат и прекрѓоќни пријави, дециден е Џамтоски.
Инаку, генерално другите точки од договорот концесионерите ги почитуваат, вели Џамтоски. Нема некои поголеми проблеми околу одржувањето на хигиената и депонирањето на сметот како што тоа беше пример минатите лета. Тој кажува дека од година во госдина концесионерите се се поисполнителни во своите обврски и дека ја сфаќаат сериозноста на потпишаните договори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град