Нема плажа без гњаважа

Поранешните концесионери на охридските плажи ќе го бојкотираат електронското наддавање

 |  Јаковлева Лионела  | 
plaza
плажа

Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор.

Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура.

Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се наоѓаат на салдо нула, а има и такви кои се во загуба. Тие објаснуваат дека со добивање на плажите повторно под концесија можеби нешто би заработиле. Но додаваат дека условите кои ги наметна министерството за нив се невозможна мисија. Градоначалникот Александар Петрески смета дека транспорт и врски треба да го земат во предвид фактот дека поранешните концесионери вложиле доста пари во плажите и дека тие треба да имаат предност пред другите апликанти.plaza

Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски не се согласува со ваквиот предлог на градоначалникот. Тој вели дека аршинот со кој ќе се мери за сите ќе е ист.

Инаку за учество на електронската аукција која ќе се одржи на 18-ти идните концесионери ќе мора да уплатат две банкарски гаранции од по 1 милион денари. Новите концесионери не ќе смеат да наплаќаат за влез на плажите, ќе мора на нив да постават тушеви, интернет конекција, шанкови, а 40 до 60% од просторот ќе мора да го остават слободен без лежалки и реквизити. И цената за метар квадратен на една охридска  плажа е зголемена. 80 денари, наместо досегашните 30. Најповолните понудувачи за закуп на трите плажи Куба Либре, Кадмо 3 и Грашница,  ќе бидат обврзани да ги постават и малите понтонски пристаништа најдоцна до 15 јуни. Останува да видиме кој и колку ќе се пријават да стопанисуваат со плажите под овие услови.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top