Планот за управување на охридскиот регион од утре на увид

Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО.

 |   | 

Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО. Кога тој ќе се донесе може да заврши прогласениот мораториум. Со планотсе дефинира строга заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее да се гради, кажа на денешната заеничка прес конференција, Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина.

„Многу е голем предизвикот со одредбите на планот да воспоставиме контролирана урбанизација. Тоа го правиме со соодветно зонирање и тоа прва строга заштитна зона во крајбрежјето со ширина од 50 метри сметано од границата на катастарска парцела еден на еден, односно Охридско Езеро. Оваа зона овозможува се она што е недопрено во природата да остане такво, не смее да се гради, а во делови каде што има направено трансформација ќе се стави под контрола“ рече Ана Петрова од МЖСПП.

Кои од веќе изградените објекти во оваа строго-заштитна зона ќе останат ќе зависи од студијата за оцена на културното наследство и животната средина што ќе ја прави Министерството за транспорт и врски врз основа на Инвентарите односно регистрите на бесправно изградени објекти. Регистрите за дивоградби во Охрид и Дебрца се веќе готови, а до крајот на месецот ги очекуваат и од Струга.

„Се воспоставуваат заштитни зони во Охрид и Струга, и во населбите особено крајбрежните каде што многу е важно да се стави под контрола урбанизацијата, на начин што со зонирањето се обезбедува заштита на строгите споменични целини односно јадрата во Охрид и Струга. Понатаму се воспоставуваат контактни зони односно втора и трета зона во рамки на градовите каде се ограничува процентот на изграденост и катноста, за да не влијае на промена на амбиенталните вредности“.

„Крајбрежјето ќе се решава со интегрален урбанистички план од значење за државата. Во градовите измените ќе бидат усогласени со постојните урбанистички планови, но со корекција во поглед на катноста, однонсно нејзино намалување, а тоа ќе се овозможи со усогласување со Законот за урбанистичко планирање кој е во собраниска процедура“ додаде Петрова.

Планот од утре ќе биде објавен на веб страниците на Министерството за животна средина, Министерството за култура, на интернет страниците на општините. Министерот без ресор и за дијаспора Едмонд Адеми рече дека во наредните шеесет дена ќе може да се оставаат забелешки и коментари, а на почетокот на ноември ќе има две јавни дебати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top