Годинава по трет пат се одржува државниот натпревар во планински велосипедизам Куратица 2015. Организатор е велосипедскта Федерација на Македонија а како технички организатор се јавува Планинско Друмскиот Велосипедски Клуб ЕкоДром, Охрид.
Селото Куратица нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Одалечено на 22 километри од Охрид во прекрасните предели на подножјето на Мазатар, утре ова село ќе ги пречека сите љубители на велосипедот, посебно планинскиот, кој е полн со предизвици. Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски вели дека како и минатите години и оваа година очекуваат голем одзив од сите заинтересирани велосипедисти и рекреативци кои во текот на утрешниот ден од 10 и 30 до 11 и 30 часот можат да се пријават за учество на државниот натпревар.
„Целта е што поголемо промовирање на селото Куратица и планинскиот масив Мазатар и Плаќенска планина. За трката патеката е веќе подготвена, обележана, стартот е недела 12 часот, учествуваат 6 категории. Професионалците вртат 7 круга, после 15 часот се прогласува најдобрите на кои ќе им бидат доделени трофеите“– појаснува Ангелоски
Ангелоски смета дека треба многу да се направи за развој на велосипедскиот туризам, во планинските предели. Тој нагласи дека како претседател на МЗ Куратица многу вложувале за подобрување на условите на велосипедскиот туризам а исто така за промоција на селото и Македонија воопшто.
„Најпрво треба да се обележат велосипедските патеки по планината и подготовка на брошури, мапи. Тоа веќе го правиме преку проектот за Куратица, кој беше сега реализиран, веќе доби обележување на одреден дел од велосипедските патеки до Плаќенска планина исто така и за пешачење, така да мислам дека тоа е основата што треба да се направи и веќе ќе бидат подготвени и мапи за тој дел од Куратица, треба уште многу да се направи но никогаш не е касно за да се направи нешто“ – вели Ангелоски.
Рутата по која ќе се движат пријавените учесници на утрешниот Државен натпревар кој се бодува за ранг листа е долга некаде 3,5 км. Се тргнува од средсело Куратица, се оди спрема манастирот Св Богородица, па се слегува кон црквата Св Никола и се кружи околу селото. Ангелоски најави уште еден голем настан поместен во месец септември. Станува збор за авантура со велосипеди, џипови, мото крос, проследена со кампување и шатори на 1400 метри надморска висина. Тогаш велосипедската рута ќе биде 42 км, а џиповите и моторџиите ќе возат рута од 120 км по Плаќенска и Илинска планина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град