Вакцинација на здравствените работници од утре и во Охрид. Планот за спречување на пандемија од овој вирус ги заостри односите на релација Завод за здравствена заштита и локалната од Охрид.
Вакцинација на здравствените работници од утре и во Охрид. Планот за спречување на пандемија од овој вирус ги заостри односите на релација Завод за здравствена заштита и локалната од Охрид.
Од утре започнува вакцинацијата на дел од вработените во јавното здравство. Првата донација од 5000 вакцини, која пристигна од Турција ургентно ќе биде употребена за вакцинирање на здравствениот персонал кој е прв на удар за контаткт со вирусот.
Распоредот по кој ќе оди вакцинирањето е: тимовите за вакцинација, персоналот во центрите за јавно здравје кој ќе работи на вакцинации, потоа итната медицинска служба, приоритетно ќе бидат вакцинирани сите вработени во инфективното одделение, како и интензивната нега при Општа болница Охрид. „Препорака на министерството за здравство е дека одговорноста на здравствените работници кои нема да се вакцинираат ќе биде лична и тие ќе треба да потпишат изјава дека одбиваат да се вакцинираат. Последиците доколку настанат да не бидат на товар на министерството. Пандемија мислам дека ќе има, мерките ќе ги превземаме тековно,
појаснува Атанаско Михаилов од ЗЗЗ.
Министерството за образование во изминатиот период даде обврска да се направат сите ДДД мерки и специјалистички систематски прегледи за вработените. На сите ним сега им стигнаа фактури за тие зафати. “Фактурите стигнаа и сега треба да се платат. Тоа ќе го сториме со дел од сопствени средства на училиштата нешто од општински средства и дел од наменската дотација, И покрај ова општината издвои сопствени 150 000 ден за дополнителна набавка на апарти за бактериска дезинфекција. Тоа е нашиот придонес во борбата со овој вирус“, вели Митре Вељаноски, советник за образование. На ваквите тврдења остро реагира Михаилов. Тој вели Локалната самоуправа многу малку делува на полето во борбата за справување со пандемијата, и ситно профитира преку одредени изјави. По мое мислење локалната е многу индиферентна во тој поглед, постојано излегуваат со паушални изјави околу тековните проблеми, Нокаква конкретна иницијатива од нивна страна да помогнат во процесот. Таа исто така има голем степен на одговорност во системот на образованието. Сите училишта и детски градинки се во нивни ингеренции. Ја префрлаат вината на недоволно сработено од страна на заводот. Дајте да ги превземеме сите мерки за превенција, а потоа да видиме кој и колку направил.Мора секој својата активност да ја превземе“, обвинува Михаилов.
Планот за превенција од новиот грип во кој беа вклучени голем број на служби како центарот за јавно здравје, полиција, пожарна, болниците, локалната, центарот за известување и тревожење е испратен до локалната. „Овој план е испратен пред повеќе од месец дена и досега не е поминат на седница, а причината зошто навистина не ми е позната. Законска обврска е овој план да помине на седница, меѓутоа од причини на ситно профитерство, тоа сеуште не се случува, додава Михаилов.
„Локалната соработува со централната власт и постојано добива насоки и напатствија, кои ние ги препраќаме до институциите, односно националната комисија за заштита од новиот вирус. Ние максимално ги почитуваме напатствијата и постапуваме по нив. Не правиме ништо вон она што државата ни го наложува во таа насока. Не можеме ние на национално и на државно ниво да носиме паралелни стратегии мимо она што ни го наложува државата. Општината ниту има недлежност, ниту стручност, таа треба да е кооперативна со она што се случува на национално ниво“, е ставот на Вељаноски по ова прашање.
Несоработката помеѓу институциите на локално ниво, од позиција на партиска определеност не е добра за никого. Товарот од сето ова вообичаено оди на грбот на граѓаните. Неопходно е што е можно поскоро овие институции да изнајдат заеднички начин, зошто само така многу полесно ќе се изнајде решение за сите проблеми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град